ВИДЕО: Ристовски со гол во 95. минута донесе победа за Динамо Загреб во Осијек

Поранешниот македонски репрезентативен капитен, Стефан Ристовски, беше херојот на Динамо Загреб на гостувањето на хрватскиот шампион во Осијек.

Искусниот дефанзивец во петтата минута од судиското надополнување се најде на вистинско место во вистинско време и го постигна првиот овосезонски гол за победа на неговата екипа од 1-2.

Претходно, домашниот тим со голот на Лима поведе со 1-0, а резултатот го израмни Хоџа во 21. минута.