ВИДЕО: Ристовски со гол ја реши Ријека и го испрати Адеми во Кина!

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми го одигра последниот натпревар во Динамо Загреб, а неговиот тим го победи ривалот Ријека со 1-0 (0-0) во рамките на 26. коло на ХНЛ. Пред натпреварот, долгогодишниот капитен доби збогување какво што заслужува на „Максимир“, со подароти од челниците на клубот, ама и транспарент и овации од најверните „Бед Блу Бојс“. 

Симболично, дербито денес го реши репрезентативниот колега Стефан Ристовски кој во второто полувреме го даде единствениот гол на натпреварот. Веднаш потоа, во славјето бекот покажа кон Адеми и му го посвети погодокот, достојно испраќајќи го „на печалба“. Иако Ристовски не сакаше да го прослави голот од почит кон поранешниот клуб, сепак мораше да му укаже почит и на капитенот кој заминува. 

Околу самиот натпревар, шампионот беше подобар, имаше повеќе шанси, ама долго се мачеше да дојде до погодок во мрежата на гостите. Одлучувачкиот момент се случи во 68. минута, кога од корнер нафрли Батурина, а на втората статива заборавен остана Ристовски. Откако топката слета пред него, на Македонецот не му беше тешко да ја смести во мрежата за 1-0, резултат кој се испостави како конечен. 

Адеми беше заменет во 84. минута, а тогаш цел „Максимир“ го испрати со аплаузи. Тој сруши бројни рекорди во клубот, важи за еден од најголемите играчи во клупската историја и од 2010 година со многу успех го носеше дресот на „модрите“. Сега, Адеми се реши дека е време да замине и ја прифати богатата понуда на Пекинг Гуан.

Состави

Сергеј Јакировиќ

3-5-2

    Zeljko Sopic

    4-4-2