ВИДЕО: Ристовски си даде несреќен автогол, Динамо едвај избегна пораз во Вараждин

Дуелот на македонските интернационалци Димитар Митровски од едната, а Стефан Ристовски и Аријан Адеми од другата страна во Хрватската прва лига заврши без победник. Фудбалерите на Динамо Загреб ремизираа на гостувањето кај Вараждин (1-1), со гол во последните секунди од мечот на Емрели.

Ристовски беше „трагичар“ на својот тим, бидејќи си даде автогол на стартот на вториот дел. Играч на Вараждин нафрли и се обиде да го проигра Дрождек, а македонскиот дефанзивец во обид да расчисти сам си ја стресе мрежата. 

На крајот Махид Емрели успеа да го „спаси“ својот тим на гостувањето во Вараждин со погодок во 94. минута за конечните 1-1.