ВИДЕО: Ристовски се врати со победа, Бенфика не го дава врвот во Примеира

Стефан Ристовски одигра цел натпревар по враќањето од незаслужената казна во Примеира, а Спортинг пак забележа победа. „Зелено-белите“ на „Жозе Алвеладе“ го совладаа Рио Аве со 3-0 (2-0) со головите на Луис Фелипе, Бруно Фернандез и Вендел.

Лидерот Бенфика со пресврт ја совлада последно пласираната екипа на табелата, Феиренсе со 1-4. Швајцарецот Харис Шеферовиќ со два гола беше најдобар поединец во таборот на лисабонскиот гигант.

  • Спортинг - Рио Аве 3-0:  

  • Феиренсе - Бенфика 1-4: 

На шест кола до крајот на шампионатот на Португалија продолжува мртвата трка на Бенфика и Порто кои имаат ист број на бодови.