ВИДЕО: Ристовски се повреди, но Динамо го торпедираше Карабах и е на чекор од ЛШ

Екипата на Динамо Загреб извојува триумф над Карабах во првиот натпревар од плеј-офот во Лигата на шампионите и славеше на својот „Максимир“ со сигурни 3-0 (1-0). 

„Модрите“ одиграа одличен меч и беа подобар ривал, а тоа и го потврдија со трите гола во мрежата на гостите. Најпрво Марко Пјаца го отвори резултатот во 29. минута, а на 2-0 беа зголеми Сандро Куленовиќ, кој стрелаше единаесет минути пред истекот на регуларното време. Само пет минути подоцна, истиот играч ги постави и конечните 3-0. 

Гостите од Азербејџан не беа за потценување и создадоа неколку одлични шанси, но не успеаја да обезбедат барем минимална негатива пред реваншот кој ќе се одигра за осум дена. Нашиот Стефан Ристовски се повреди во 21. минута и беше заменет од Јапонецот Огивара. 

Црвена Звезда имаше двојна негатива на гостувањето кај Бодо Глимт, но до крајот на мечот успеа да го ублажи поразот и се враќа во Белград со само гол заостанување (2-1), резултат кој остава надеж за евентуален пласман во групната фаза од Лигата на шампионите. 

Норвешкиот првак водеше со головите на Бјортуфт и Маата, но Огњен Мимовиќ намали на 2-1 во 75. минута и го постави конечниот резултат на овој меч. Реваншот на „Рајко Митиќ“ сигурно ќе претставува вистински пекол за Бодо Глимт. 

  • Бодо Глимт - Црвена Звезда 2-1:

Францускиот Лил ја надигра Славија Прага со конечни 2-0 и обезбеди солидна залиха за возвратниот дуел во Чешка. Канаѓанецот Џонатан Давид го доведе домаќинот во водство во 52. минута, а конечните 2-0 беа дело на Косовецот Едон Жегрова во 77. минута од мечот. 

Состави

Sandro Perkovic

4-1-4-1

    Gurban Gurbanov

    4-2-3-1