Ристовски се повреди и порано го заврши тренингот на Спортинг во Швајцарија

Ристовски

Португалскиот гигант Спортинг се подгтовува за новата сезона во малиот швајцарски град Фусисберг.

Македонскиот интернационалец Стефан Ристовски од пред една недела е дел од екипата. Тој порано го прекина својот одмор и ги помина медицинските прегледи во пресрет на подготовките.

Веќе на првиот тренинг во Швајцарија, дефанзивецот заработи мала повреда и мораше порано да ја напушти тренинг сесијата. Првичните информации од португалскиот клуб се дека тој го повредил скочниот зглоб на левата нога.

Дополнителните прегледи ќе покажат дали ќе треба да прави пауза и ако има потреба, колкав ќе биде периодот на заздравување.