Ристовски: Ризикував за Македонија, играв повеќе отколку што можев!

Словенија дојде во Скопје со големи амбиции, се потценуваше нашата репрезентација, но Македонија покажа карактер и го совлада балканскиот ривал (2-1) со што остана во игра за пласман на ЕП 2020 преку групите.

Резултатот го радува Стефан Ристовски кој по натпреварот истакна дека овој тим покажал зрелост и дека со ваква игра, Македонија може да се носи со секого. Воедно, тој потенцира дека иако бил недоволно подготвен, сепак, стегнал заби и одиграл повеќе одошто можел за националниот тим.

„Македонија покажа цврста игра, карактер, добивме шанса и ја искористивме. Низ години повторуваме дека имаме индивидуалци солидни, но треба да се поклопат некои коцки. Драго ми е што стадионот беше полн, луѓето видоа дека Македонија може и покажа да игра. Се е отворено во оваа група, секоја победа ни значи. Без разлика дали имаме или немаме шанси за ЕП, победа си е победа. Знаевме во каква ситуација бевме пред неколку години, а каде сме сега. Имаме кадар на играчи кои може да парираат на секоја репрезентација. Јас лично, планот беше да играм 30 минути, но ризикував за Македонија. Спортинг затоа прати човек, а кај мене се роди желба да играм пред нашата публика“, изјави Ристовски.

Македонија сега на контото има 11 бода, исто колку и Словенија и двете селекции се на делба на третото место на табелата, зад Австрија со 13 и Полска со 16 бода. Следен дуел за „црвено-жолтите“ ќе биде токму кај лидерот Полска, во Варшава.

Европско првенство, Квалификации, Група G
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ПолскаПолска 10 8 1 1 18:5 13 25
2 АвстријаАвстрија 10 6 1 3 19:9 10 19
3 МакедонијаМакедонија 1 10 4 2 4 12:13 -1 14
4 СловенијаСловенија 1 10 4 2 4 16:11 5 14
5 ИзраелИзраел 10 3 2 5 16:18 -2 11
6 ЛетонијаЛетонија 10 1 0 9 3:28 -25 3