Ристовски рамо до рамо со Винициус, Рафиња, Барела во идеалниот тим на третото коло во ЛШ

Поранешниот македонски репрезентативен капитен Стефан Ристовски одигра одличен меч за Динамо Загреб во Лигата на шампионите. Десниот бек асистира при двата гола на Хрватите во победата над Салцбург (0-2). 

Со тоа Ристовски си заработи место во идеалниот тим на колото во елитното натпреварување. Бекот се најде во друштво на големи ѕвезди како Винициус, Рафиња, Барела, Стоунс... 

  • Идеален тим на третото коло во ЛШ:

Перин (Јувентус); Гутиерез (Џирона), Хиен (Аталанта), Стоунс (Манчестер Сити), Ристовски (Динамо Загреб); Реијндерс (Милан), Барела (Интер), Минамино (Монако); Винициус (Реал Мадрид), Дуран (Астон Вила), Рафиња (Барселона.

Исто така Стефан Ристовски беше одбран и за играч на натпреварот во Австрија, па со ова се заокружува успешната рунда за него на индивидуален, но и клупски план.