Ристовски против Фернандеш – големите пријатели си стојат на патот до СП 2022

Стефан Бруно

Стефан Ристовски ќе биде капитен на Македонија во судирот со Португалија на неговиот голем пријател од деновите во Спортинг, Бруно Фернандеш.

Македонската репрезентација со минимален резултат против Италија избори плеј-оф финале. На спротивната страна Португалците со мала доза на среќа победија на домашниот дуел со Турција.

Ристовски и Фернандеш го имаат покажано своето пријателско во и надвор од теренот. Откако македонскиот дефанзивец беше капитен на Спортинг за првпат во август 2020 година, Фернандеш беше цитиран со оваа порака за својот поранешен соиграч: „Знам колку си горд и возбуден за можноста да бидеш капитен на клубот што толку многу го сакаш! Никогаш не сум видел странец толку почитуван и посветен на нашата земја и клубот што го претставува. Ти го заслужи ова и го заслужуваш уште повеќе“.

Следната сезона, откако Ристовски беше продаден од Спортинг и потпиша со Динамо Загреб, португалскиот репрезентативец имаше нови љубезни коментари до својот поранешен соиграч: „Жал ми е што твоето патување заврши вака во клубот каде што секогаш даваше сè, каде што секогаш ги почитуваше вредностите што ги бара клуб како Спортинг. Вреден, чесен и секогаш со поглед на следниот предизвик!“.

Пред да замине од Лисабон и да се пресели во Манчестер Јунајтед, Ристовски му ја испрати оваа порака на Фернандеш: „Те чекам назад во клубот“. Но, таа желба не му се исполни, бидејќи кариерата на играчот за врска продолжи на „Олд Трафорд“ и го натера да се раздели од својот голем пријател.

Сето тоа ќе биде заборавено на деведесет минути, во мечот на кој ниту една репрезентација нема право на грешка, ако сака да избори пласман на Мундијалот.