• Иван Димовски
Стефан Ристовски по пет години се раздели со Динамо Загреб, клубот во кој се пронајде и ги пружи најдобрите партии во кариерата. Разделбата беше емотивна, Македонецот беше популарен и меѓу навивачите поради својата пожртвуваност и привлече доста внимание.
Во подолг разговор со колегите од хрватскиот медиум „Германијак“, Ристовски зборуваше на повеќе теми меѓу кои и преговорите за нов договор.
„Во Динамо се случува смена на генерации, доаѓаат нови играчи, тренер... Ќе биде интересно. Динамо ми е најмил клуб во кариерата, без сомнеж. Петте најдобри години од кариерата ги минав на „Максимир“, моето семејство уживаше во Загреб. Динамо е голем клуб, тука бев еден од капитените и емоциите секогаш ќе бидат силни.
На почетокот на годината се враќавме од патување и Велимир Зајец на аеродромот ми кажа да не се грижам, ќе потпишеме договор. Мислев дека тоа е готова работа, ама како секогаш ако нема ништо на хартија не е сигурно. Работите во клубот почнаа да се менуваат, а јас на новите директори им кажав дека и да не одлучат да продолжиме, сакам пријателска разделба. Потоа требаше да имам средба со Звонимир Бобан, но заминав за Македонија“, изјави Ристовски.
Останува да се види каде 33-годишниот Стефан Ристовски ќе ја продолжи кариерата,