• Горан Упале
Македонскиот фудбалер Стефан Ристовски би можел наскоро да ја заврши својата епизода во Сараево и кариерата да ја продолжи во српската Суперлига.
Според информациите од Србија, Нови Пазар покажува сериозен интерес за 34-годишниот македонски бек, кој би можел да пристигне во пакет со Адем Љајиќ. Локалните медиуми пренесуваат дека двајцата фудбалери веќе се во Нови Пазар, иако засега нема официјална потврда дека трансферите се договорени.
Ристовски минатото лето пристигна на „Кошево“, а во дресот на Сараево досега одигра 36 натпревари, постигна три гола и запиша една асистенција.
Нови Пазар има високи амбиции во новата сезона, која ја отвори со победа над Раднички 1923, а ангажманот на искусниот македонски репрезентативец би бил уште едно значајно засилување за тимот.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.




