Ристовски: Одиме со отворен гард, и ќе се бориме за полуфинале

Екипата на Динамо Загреб по осминафиналната сезнација и епската победа над Тотенхем од 3-0, во четвртфиналето одново доби сериозен ривал во Лига Европа.

Хрватскиот шампион со минимален пораз од 0-1 од првиот меч со Виљареал, вечерва ќе брка нова сензација во второто по ранг натпреварување на УЕФА, а Стефан Ристовски верува дека со сериозен пристап и максимална ангажираност Динамо може до пласман во полуфиналето.

„Поголем мотив од тоа што ако победиме ќе играме во полуфинале, во овој момент нема. Квалитетот на Виљареал ни е познат, но и ние сме искусни и имаме одлична екипа. Тоа го прикажавме досега на многу пати. Потребен ни е сериозен пристап, и во мечот да влеземе со ладни глави. Секоја екипа денес тренира напорно и го анализира противникот, затоа секогаш мора да бидеш сериозен и концентриран. Загубивме со 1-0, но на реваншот ќе одиме со отворен гард и ќе се бориме за полуфиналето“, рече нашиот репрезентативец.

Ристовски најверојатно ќе се најде во стартниот тим на Динамо, а засега сè уште виси настапот на капитенот Аријан Адеми, кој на последниот лигашки натпревар го повреди стапалото.