ВИДЕО: Ристовски одигра едно полувреме, Спортинг ја сопре серијата на Порто

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски одигра 43 минути во ремито на Спортинг против Порто во рамките на 17. коло на Примеира. Во дуелот на „Жозе Алвеладе“, двете екипи беа агресивни, но и претпазливи, па не создадоа многу зрели шанси за гол. Така, дуелот во Лисабон заврши без победник, 0-0, со што „змејовите“ останаа на врвот на табелата.

Ристовски во 47. минута го замени Бруно Гаспар, а со својата партија, македонскиот репрезентативец најави дека повредата е минато и дека наскоро ќе го врати местото во стартниот тим.

Порто е лидер со пет бода предност пред второпласираната екипа на Бенфика, која по тренерската смена и замунувањето на Руи Виторија, славеше во Санта Клара со 0-2.

Спортинг е и натаму четвртопласиран со осум бода заостанување зад Порто.