ВИДЕО: Ристовски одигра цел натпревар, Бенфика слави во градското дерби

Можеби имаа катастрофална сезона во Европа и не се изборија за пролет во Лигата на шампионите, но фудбалерите на Бенфика доминираат во Примеира. Петокот на дерби натпревари во рамките од 17. коло на шампионатот на Португалија целосно им припадна на „орлите“ од Лисабон.

Најнапред, Порто, актуелниот шампион од минатата сезона, првпат по 15 години загуби на домашен терен од Брага со 1-2. „Змејовите“ на Серџо Консеисао не реализираа два пенали, преку Тељес и Соареш и за тоа беа соодветно казнети. Паулињо во 75. минута го постигна голот вреден три бода за гостите од Брага.

  • Порто - Брага 1-2: 

Во градското дерби, вечерва на „Жозе Алвеладе“, Бенфика како гостин го совлада Спортинг со 0-1 (0-0) и побегна за седум бода пред најблискуот пратител на врвот на првенствената табела. Резервистот Рафа Силва, само што влезе во игра, во 80. минута го постигна водечкиот гол, вреден големи три бода за најтрофејниот португалски клуб на сите времиња. Натпреварот беше продолжен десет минути, а во 99. минута финалните 0-2 ги постави Рафа Силва со својот втор погодок. 

  • Спортинг - Бенфика 0-2: 

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски ги одигра сите 90 минути за „зелено-белите“.

Со оваа победа, Бенфика е лидер со 48 бода, а следат Порто со 41 и Фамаликао со 30 и натпревар помалку.

Состави

Silas

4-2-3-1

    Bruno Lage

    4-4-2