• Мартин Танасковски
Македонскиот фудбалер Стефан Ристовски беше гостин на подкастот „Играч на натпреварот“ на Меридиан Спорт од Босна и Херцеговина и говореше за многу теми во својата кариера, меѓу нив и македонската фудбалска репрезентација.
По убедливиот пораз на „Олд Трафорд“ од Англија со 0-7, Ристовски реши да се повлече од националниот тим, а како причина го посочи Благоја Милевски, кој повеќе не е селектор на Македонија. Десниот бек истакна дека не ја исклучува можноста пак да се врати во дресот со државниот грб.
„Секако дека за секој играч е чест да игра за својата држава, јас ги почувствував најубавите моменти со Македонија. Бев првпат на Европското првенство, за жал тогаш имаше корона-вирус, игравме пред 30 отсто капацитет. Преубаво искуство, за среќа имавме една генерација фантастична, без квалитетни играчи посебно денес, тешко е да играш. Секоја репрезентација создава шанси, ти доаѓа еден Лихтенштајн на пример и ти создава три шанси.
Собрав 83 натпревари, донесов одлука да не играм, заради некое несогласување со селекторот Милевски. Ќе видиме што ќе донесе иднината, никогаш не се знае. Не кажав јас тоа е тоа, нема повеќе воопшто да играм. Првиот меч ми беше во Баку, имав некаде 19 години. Беше остварување на детскиот сон, не ми се веруваше. Бев заедно со Пандев, со Седлоски... за среќа се снајдов некако и оттогаш дојдов до 83 натпревари. Станав и капитен, горд ја носев капитенската лента и имам убави спомени.
Влезот на Европското првенство ми е најубавиот период и баражот со Италија која тогаш беше европски шампион, а ние ја исфрливме. И ние сами не знаеме како. Дадовме гол, пројдовме понатаму и игравме со Португалија. Финале за Светско првенство, но го загубивме. Мислам... Италија и Португалија! Два меча на гости, едвај пројдовме во Палермо, потоа тоа е тоа... Имавме дочек во Скопје, уште не верувам дека победивме европски шампион и тоа пред своја публика. Имам убави победи со Македонија, како што се Италија и Германија, ударни победи, не пријателски. Дај Боже да се повторат тие работи.
Одлуката не ми беше донесена од денес за утре. Бев принуден да го направам тоа и сфатив дека најдобро и за мене и за Милевски да се повлечам јас. И така се покажа. Не погрешив. Прво, откако се тргнав имав чувство како да сум тргнал камен кој ми стоел над глава, а од друга страна, се покажа дека јас сум бил некоја препрека во таа репрезентација, во тој период, говорам за селекторот. Момците играат добро. Направив добро и за останатите и за сам себе. Никој не знаеше дека ќе го направам тој потег, јас сам излегов во јавност и го објавив тоа. Можев да бидам расипан, да повлечам со себе уште неколку играчи. Имав се во свои раце, но не сакав да сум безобразен. Во тој момент го гледав тоа како најдобар потег и за мене и за селекторот. Кога имав состанок, кажав дека најдобро е во оваа ситуација јас да се повлечам. Така што ќе видиме што ќе биде во иднината.“, изјави Ристовски.
Фудбалската репрезентација на Македонија во периодот кој следи ќе го избере новиот селектор на Македонија. Стефан Ристовски, моментално член на Сараево од БиХ, останува да видиме дали ќе добие повик за разговор и за враќање во националниот тим.

