Ристовски: Не ве мразам, но потполно ја загубивте мојата почит

Стефан Ристовски забележа уште една голема победа и со својот Динамо Загреб триумфираше кај главниот конкурент за титулата. 

Ријека загуби од „модрите“ со 1-2 и им дозволи на загрепчани да мечтаат за титулата, а екс-капитенот на македонската репрезентација им порача на домашните навивачи дека нивните навреди не допираат до него, и покрај тоа што ја споменуваа неговата почината мајка. 

„Не ве мразам, но комплетно ја загубивте мојата почит. Семејството е секогаш поважно од сѐ. За тебе, мајко“, напиша Ристовски на социјалните мрежи. 

Динамо Загреб направи голем исчекор кон шампионската титула во хрватскиот шампионат. „Модрите“ имаат четири бода предност пред Ријека и се главни фаворити за тронот. Нашиот Стефан Ристовски го започна мечот од првата минута и до крајот беше меѓу главните алки во таборот на загрепскиот гигант. 

Состави

Zeljko Sopic

4-4-2

    Сергеј Јакировиќ

    4-3-3