• Иван Димовски

Динамо Загреб иако во моментов е третопласиран во ХНЛ, сепак има свои адути во шампионската трка. Викендов „модрите“ ги очекува гостување кај лутиот ривал Хајдук во Сплит, а тоа е шанса да го пресконат на табелата.
Во разговор за хрватските медиуми, македонскиот бек Стефан Ристовски беше полн со оптимизам. Тој нагласи дека иако Динамо има респект кон противниците, сигурен е дека на крајот титулата пак ќе се слави на „Максимир“.
„Уведен сум дека успешно ќе ја извлечеме сезоната!
Секако дека ќе биде така. Не сум арогантен и препотентен, знам што зборувам и каков квалитет има нашата соблекувална. Респект секому, ама титулата пак ќе се слави на „Максимир““, изјави Ристовски.
Во моментов водечка во ХНЛ е Ријека со 59 бода, Хајдук е втор со 55, додека Динамо има 54, но и натпревар помалку од ривалите. Дербито на „Пољуд“ в сабота од 19:30 часот може да биде многу важно во шампионската трка