ВИДЕО: Ристовски му донесе триумф на Сараево во големото дерби со Вележ!

Екипата на Сараево забележа минимална победа над Вележ Мостар (1-0) во натпреварот од 26. коло на босанското првенство, на тој начин стигнувајќи до важни три бода во битката за пласман во евро-куповите. 

Јунак на домашниот тим во дербито беше Македонецот Стефан Ристовски, кој го постигна единствениот погодок на натпреварот. Поранешниот репрезентативец стрелаше во 64. минута, носејќи му на Сараево исклучително важна победа. 

Публиката беше сведок на интересен дуел, полн со шанси и возбудувања, но мрежите се тресеа само еднаш. За Сараево ова е дванаесетта победа сезонава, со која му „побегна“ на денешниот ривал на разлика од четири бода. 

Стефан Ристовски одново се покажа како еден од клучните играчи на славниот босански тим. За него ова беше трет погодок сезонава.