Ристовски ќе им суди на Брегалница и Вардар, Стојанов го доби дуелот меѓу Скопје и Шкендија

Со натпревари во три дена викендов ќе се одигра десеттото коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Први на терен ќе истрчаат фудбалерите на Шкендија Арачиново и Струга Трим Лум, и тоа во невообичаен термин од 12:00 часот. На центарот на стадионот „Чаир“ ќе застане Влатко Илиоски, а нему ќе му асистираат Борис Трајков и Дино Конески. 

Во сабота ќе се одигра уште еден натпревар, меѓу Брегалница и Вардар, а за главен судија во Штип е делегиран Доне Ристовски. Неделната програма ќе ја сочинуваат два натпревари. Стојанче Трпчевски ќе ја дели правдата на средбата Башкими – Силекс, а Стојанче Стојанов го доби дуелот меѓу Скопје и Шкендија.

Десеттото коло ќе биде затворено во понеделник, кога ќе се сретнат Арсими и Тиквеш, а делител на правата ќе биде Крумислав Ѓоргиев.