• Иван Димовски

Фудбалерите на Динамо Загреб први стигнаа до предност во градското дерби против Локомотива во ХНЛ.
Стрелец на единствениот погодок во првото полувреме беше македонскиот репрезентативен капитен, Стефан Ристовски. Бекот покажа одлична голгетерска способност, по еден центаршут од пеналтикот биеше убаво со глава преку голманот, меѓутоа топката заврши во стативата. Ристовски не се откажа, дотрча пред голот и одбиената топка ја смести во мрежата за предност.
Овој погодок е прв сезонава за Стефан Ристовски за Динамо Загреб, а има и една асистенција.