• Иван Димовски
Македонскиот интернационалец Стефан Ристовски се реши за промена на својот број кој го носи од доаѓањето во Динамо Загреб.
Дефанзивецот наместо својата „13“ во иднина ќе настапува со бројот „22“. Ристовски од доаѓањето во Динамо го носеше својот омилен број кој го носеше и во репрезентацијата, Спортинг, Парма, Латина... Промената стапува на сила веднаш, меѓутоа оваа сезона Ристовски натпреварувањата на УЕФА мора да ги доигра со пријавената бројка.
Овој потег навивачите на Динамо го сфатија како најава за трансферот на Рамон Миерез од редовите на Осијек кој тресе мрежи на хрватските терени со бројот 13 на грбот.