Ристовски ја предводи одбраната на Спортинг во составот кој ќе атакува на Лига Европа

Ристовски Спортинг

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски без проблеми се најде на листата на Хозе Песеиро за настапите на екипата во Лига Европа.

26-годишниот бек оваа сезона е стандарден по десната страна и така се очекува да биде во остатокот од натпреварите, особено во европските предизвици. 

Во групната фаза во Лига Европа, протугалскиот прволигаш ќе одигра натпревари против Арсенал, Карабах и Ворскла.

Моментално, Ристовски е со нашата сениорска репрезентација, која утре со почеток од 20:45 часот ќе му гостува на Гибралтар во првиот меч од УЕФА Лига на Нации.