Ристовски ја брани македонската чест во никогаш поквалитетната Лига Европа

Стефан Ристовски ќе биде единствениот македонски фудбалер кој ќе игра во нокаут-рундата на Лигата на Европа, која стартува попладнево од 18:55 часот.

Десниот бек го носи дресот на Спортинг Лисабон, кој во најмасовното натпреварување на УЕФА ќе биде домаќин на турски Башакшехир. Оваа сезона Лигата на Европа е доста интересна, затоа што нема изразит фаворит.

Во нокаут-фазата има доста големи фудбалски имиња, како Манчестер Јунајтед, Арсенал, Интер, Ајакс, Рома, па се очекува борбата за трофејот и местото кое води во Лигата на шампионите да биде супер-интересна до крајот.

„Нераѕурите“ патуваат во Бугарија и ќе играат со Лудогорец, Рома, пак, ќе биде домаќин на белгиски Гент. Манчестер Јунајтед на првиот меч патува во Белгија кај Гент, но Оле Гунар Солскјер се соочува со големи проблеми поради повреди.

Арсенал оди во Пиреја кај Олимпијакос, додека Ајакс е во Шпанија кај Хетафе. На останатите двојки Вулверхемптон е домаќин на Еспањол, Баер Леверкузен оди на мегдан со Порто, Копенхаген го пречекува Селтик, АПОЕЛ е ривал на Базел, неколкукратниот првак Севиља патува во Романија кај Клуж, а исто така играат АЗ Апкмар - ЛАСК, Ајнтрахт Франкфурт - Салцбург, Шахтјор Доњецк - Бенфика, Волфсбург - Малме и Ренџерс - Брага.