Ристовски и Трнава го освоија Купот и обезбедија европско лето

Македонскиот фудбалер Милан Ристовски и неговата Спартак Трнава успеаја да го освојат Купот на Словачка.

Во финалниот натпревар Трнава беше подобра од Слован Братислава, тим кој го добија по продолженија со 3-1. Ристовски влезе на теренот во 72. минута и играше до самиот финиш.

Ова е четврта титула за Спартак Трнава по независноста на Словачка. Со титулата во натпреварувањето, Ристовски и неговиот тим си обезбедија европско лето со настап во квалификациите на Конференциската лига.