ВИДЕО: Ристовски и Спортинг загубија во португалското дерби против Порто

Фудбалерите на Порто запишаа нови три бода во португалската Примеира со победата кај Спортинг во Лисабон (1-2). На „Жозе Алваладе“ резултатот беше отворен уште на стартот, а домаќините се вратија пред крајот на полувремето. Сепак Порто дојде до посакуваната победа и одржа чекор со лидерот Бенфика. Стефан Ристовски се најде на теренот од првата минута, а беше заменет во 81. минута со поофанзивниот Камачо.

  • Извештај од натпреварот:

Рано уште во шестата минута Корона упати одлична долга топка преку половина терен и в нога го погоди Марега. Фудбалерот од Мали уште со приемот го измами голманот и погоди за 1-0. Првиот дел мина без поголеми возбудувања, а Спортинг речиси од единствената шанса дојде до израмнување. Одлична акција одиграа офанзивците на оваа екипа, а Вието со прекрасен пас го проигра Акуња кој лесно погоди. 

По паузата екипата на Ристовски мотивирана од израмнувањето заигра подобро, но неколку шанси не искористи Бруно Фернандеш. Казната стигна по корнер во 73. минута, кога Соарез залудувачки се најде сам и лесно со глава го совлада Максимилиано. Во самиот финиш на натпреварот, Спортинг имаше добар обид со глава преку стоперот Коатес, но ја погоди гредата од голот. 

Со денешните три бода Порто колку толку го одржа чекорот со лидерот Бенфика која со 42 бодови има четири позитива над ривалот. Спортинг пак е на третата позиција со 26 бодови и не би требало да ја загуби до крајот на првенството. 

Состави

Silas

4-3-3

    Sergio Conceicao

    4-4-2