Ристовски и Мицевски изборија место во тимот на колото во Словачка и Летонија

Милан Ристовски

Македонските интернационалци Милан Ристовски и Дарко Мицевски имаа одлични настапи за време на викендот.

Членот на Спартак Трнава со два гола го зачини настапот на дуелот со Слован Братислава. Тоа му донесе место во тимот на колото во словачкото првенство.

Идентично импресивен беше и Дарко Мицевски кој во дресот на РФС Рига постигна погодок во убедливиот триумф над Ноа.