Ристовски и Елези добиваат нов тренер, Зекиќ си поднесе оставка поради испуштена победа

Сараево ќе мора да побара нов тренер, бидејќи Зоран Зекиќ си поднесе оставка од функцијата шеф на стручниот штаб.

Стефан Ристовски и Агон Елези ќе добијат нов предводник од клупата. Ова доаѓа по ремито на Сараево против Радник Бијелина (4-4), а проблем претставува фактот дека водеа 3-0.

Со двата гола на Елези и „бомбата“ на Ристовски тимот имаше круцијална предност која во завршницата ја испушти, дозволи дури и пресврт (3-4) и на крај Сараево извлече реми. 

Поради тоа Зоран Зекиќ си поднесе неотповиклива оставка, а клубот немаше друг избор освен да му ја прифати. Ова му носи главоболки на Крсте Велкоски кој е спортски директор и треба да бира нов тренер, иако сезоната е веќе почната.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.