Ристовски го засили Шкупи: „Доаѓам во голем клуб со голема традиција“

Екипата на Шкупи ја започна реконструкцијата на екипата со новите засилувања. По ангажирањето на помошникот на тренерот Умит Каран, Хусеин Хурсој, и голманот Енес Азизи, новото засилување е Филип Ристовски, кој игра на позицијата лев бек, а доаѓа од Силекс.

Тој порано беше дел од Металург, додека искуството на интернационалната сцена ги калеше во Борац од Бања Лука и Јавор Матис во Србија. Веднаш по потпишувањето на договорот, 24 годишниот Ристовски за официјалната веб страница изјави дека е задоволен што е дел од екипата со голема традиција во Македонија

„Доаѓам во голем клуб со голема традиција. Спремен сум за нови предизвици. Финалниот резултат ќе биде добро место на табелата“, рече Ристовски.

24-годишниот бек беше дел и од репрезентацијата на Македонија У21, додека минатата сезона запиша 13 настапи за екипата од Кратово.