ВИДЕО: Ристовски е вистински динамовец – се качи на оградата и заедно славеше со „БББ“

Динамо Загреб покажа кој е „газда“ во Хрватска и среде Сплит извојува голема победа над вечниот ривал Хајдук, против кој оваа сезона водат битки за шампионската титула.

На „Пољуд“ резултатот беше 1-0, а по завршувањето на натпреварот, во центарот на вниманието беше нашиот поранешен репрезентативец Стефан Ристовски. Искусниот бек го одигра целиот натпревар, а потоа во стилот на вистински динамовец се качи на заштитната ограда на трибината каде што беа „Бед Блу Бојси“ и заедно ја прославија победата.

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by GNK Dinamo (@gnkdinamo)

Динамо ја зазема втората позиција во хрватскиот шампионат со 57 бода, пет помалку од лидерот Ријека.