Ристовски: Бруно е мојот најдобар пријател, му реков дека ќе го чекам да се врати

Најновото засилување на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандез, беше еден од најдобрите пријатели на Стефан Ристовски во редовите на Спортинг.

Португалецот оваа зима одлучи да се пресели на „Олд Трафорд“, по долги преговори и тактизирања од двете страни. Ваквиот расплет го разочара нашиот репрезентативец кој загуби еден од ликовите со кои најмногу се согласуваше во тимот од Лисабон.

„Имаме одличен однос, а тоа е тешко да се најде во фудбалот. Не е лесно да се стекнат такви пријателства. Тој е мојот најдобар пријател и се надевам дека тоа ќе остане така уште долги години. Веќе му реков дека јас ќе бидам тука и ќе го чекам да се врати“, изјави 28-годишниот дефанзивец.

Двајцата фудбалери често беа заедно на тренинзите, покажувајќи дека нивното пријателство е вистинска работа.