ВИДЕО: Ристовски асистираше во победата на Спортинг над Мореирензе

Стефан Ристовски на фантастичен начин ја започна втората сезона во дресот на португалскиот гигант Спортинг Лисабон. Македонскиот репрезентативец беше еден од најдобрите поединци на новиот тренер Песеиро и со асистенција учествуваше во премиерната победа во домашниот шампионат, извојувана на гости кај тимот на Мореирензе (1-3).

Домаќините преку Таварез го зададоа првиот удар и поведоа со 1-0, но на сцена стапи македонскиот бек и му асистираше на Бруно Фернандез за 1-1 на полувреме. Големата победа на тимот од Лисабон му ја донесе искусниот Баст Дост со голови во 73. и  92. минута.

Ристовски ги одигра сите 90 минути и ја оправда довербата која му беше дадена од новиот тренер на некогашниот португалски шампион.