ВИДЕО: Ристовски асистираше, Спортинг во луд меч со седум гола го доби Белененсес!

Стефан Ристовски продолжи со одличните партии во дресот на Спортинг Лисабон, откако синоќа со една асистенција учествуваше во победата на неговата екипа од 3-4 на гостувањето кај Белененсес. 

Македонскиот репрезентативен бек кон крајот на првиот дел проби по десната страна и упати центаршут во срцето на казнениот простор на домаќините, кој во гол го претвори Акуња за 1-3.

Претходно Јебда донесе домашно водство од 1-0, но Дост и Мартинс се потрудија за комлетен пресврт. Во вториот дел домаќините со два брзи гола стигнаа до 3-3, но големата победа на лисабонскиот гигант му ја донесе Фернандес во 80. минута. 

Со овие три бода Спортинг ги зачува шансите за шампионската титула во Примеира и сега на четири кола до крајот од првенството заостанува пет бода во однос на лидерот Порто, кој синоќа славеше голема победа над лутиот ривал Бенфика (0-1).