Ристевски си замина од Влазнија, се враќа во мак-фудбалот?

Одбранбениот фудбалер Александар Ристевски не е повеќе фудбалер на Влазнија. Дефанзивецот спогодбено го раскина договорот со албанскиот прволигаш на шест месеци до нејзиниот истек. 

Битолчанецот веројатно ќе се врати во мак-фудбалот, од каде што има неколку понуди. Ристевски е изданок на школата на Пелистер, а настапуваше и за Победа, Ренова и Металург.  

Во тимот на Мирсад Јонуз есенва немаше голема минутажа и тоа е причината заради која ќе побара клуб каде што ќе игра поредовно.

Влазнија ова лето ангажира уште двајца Македонци, па на Глигоров му се приклучија Адили и Христов.