Ристевски се врати во мак-фудбалот по осум години и ја засили Струга!

Екипата на Струга Трим Љум донесе играч со репрезентативно искуство и потпиша со Кире Ристевски кој ќе ја засили дефанзивната линија.

33-годишниот битолчанец беше дел од Етникос, но се раздели по истекот на договорот. Нова дестинација ќе му биде мак-фудбалот каде се враќа по осум години и ќе го носи дресот на актуелниот првак.

Покрај за Етникос, Ристевски настапуваше и за Пјуник, АЕЛ Лимасол, Ујпешт, Вашаш, Тирана, Славија Софија, Билиш и Елбасани во странство, како и за домашните Пелистер и Работнички.