Ристевски се раздели со Приштина, можно негово враќање во мак-фудбалот

Македонскиоит интернационалец Александар Ристевски ја заврши својата епизода во Косово и по неполна една сезона си замина од косовскиот прволигаш Приштина.

Ристевски има 30 години и игра како централен дефанзивец. Во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) настапуваше за Струга Трим Љум, Работнички, Победа, Ренова, Пелистер, Младост ЦД, Металург и Скопје, а ги бранеше боите и на Влазнија во шампионатот на Албанија.

Неколку македонски клубови се заинтересирани за неговите услуги и наскоро битолчанецот ќе одлучи за својата иднина. Сепак, прва опција на Ристевски останува нов интернационален ангажман.