Ристевски: Се одлучив за Кипар заради семејството и топлата клима (ВИДЕО)

Македонската колонија во Кипар е побогата за уште еден член. Од сезоната 2021/22 нов член на АЕЛ Лимасол е Кире Ристевски, кој својата иднина ја реши минатата недела, за да може да се концентрира на Европското првенство.

Семејството беше главна причина за изборот на одбранбениот фудбалер, кој во Унгарија остави добар впечаток во Вашаш и Ујпешт.

„Ми заврши договоор со Ујпешт. Преговаравме, но не ја прифатив таа понуда. Се одлучив за Кипар најмногу поради моето семејство. Се одлучивме за потопол крај, Купар е подобра опција од Унгарија и се надевам на уиспешна сезона и успешни натпревари“, ни рече битолчанецот. 

  • Комплетната изјава на Кире Ристевски:

Дефанзивецот од синоќа е во кампот на репрезентацијата, која се подготвува за Европското првенство, а во новиот клуб ќе се јави по завршувањето на големиот собир.