Ристевски поуспешен од Муслиу, го освои Купот на Унгарија

Македонскиот репрезентативец Кире Ристевски и неговиот Ујпешт се радуваа во финалето на Купот на Унгарија, откако славеа минимално по продолженија над МОЛ Фехервар (0-1) во чии редови игра уште еден наш фудбалер.

Ристевски се најде во стартниот состав на Ујпешт и беше главен играч во одбраната. Ова беше „македонски дуел“ за трофејот, затоа што на спротивната страна играше Висар Муслиу, исто така го одигра цел натпревар, ама остана со празни раце.

Мечот го реши Кастрати, кој погоди во 101. минута. Тимот на МОЛ Фехервар заврши со два црвени картони, затоа што поради втори жолти картони во соблекувалната беа испратени Рус во 91. и Алеф во 97. минута.