Ристевски по една сезона се раздели со кипарски Етникос Ахна

По една сезона македонскиот репрезентативен дефанзивец, Кире Ристевски, се раздели со кипарскиот прволигаш Етникос Ахна. Битолчанецот на истек на договорот ќе си замине од овој кипарски клуб и ќе побара нова средина за својата иднина.

Во единствената сезона во дресот на Етникос Ахна, Ристевски запиша 31 натпревар, постигна три гола и запиша две асистенции, иако е одбранбен фудбалер. 33-годишниот Ристевски веројатно ќе остане надвор од нашите граници, каде што мина голем дел од својата кариера.

Освен во Етниксос Ахна и АЕЛ Лимасол, стоперот настапуваше за Пјуникк во Ерменија, Ујпешт и Вашаш во Унгарија, Тирана, Билис и Елбасан во Албанија, Славија Софија во Бугарија, а во Македонија играше за Работнички и Пелистер.