Ристевски ја задолжи опремата во Лимасол и „летна“ на припреми во Австрија

Краток беше годишниот одмор на македонскиот репрезентативец Кире Ристевски ова лето. Не мина ни една недела во родната Битола по враќањето од Европското првенство, а дефанзивецот веќе започна со подготовки во новата средина - АЕЛ Лимасол од Кипар. 

Ристевски пристигна на Кипар и веднаш со екипата замина во Австрија, каде АЕЛ Лимасол ќе ја мине главната фаза на подготовки. 

Кариерата на Ристевски започна во битолски Пелистер. Потоа играше во Албанија и Бугарија, пред да се врати во македонското првенство, во редовите на Работнички. Од 2016 година беше дел од унгарскиот фудбал, каде првично пристигна во Вашаш, а потоа заигра за Ујпешт, клуб со кој го освои националниот Куп минатата сезона.

Во новата екипа ќе ја дели соблекувалната со уште еден македонски интернационалец, Давор Здравковски. Во Кипар играат уште и македонските репрезентативци Спировски, Тричковски и Богатинов.