ВИДЕО: Ристовски асистент, Спортинг убедлив во Авеш

Стефан Ристовски впиша нова асистенција, а Спортинг Лисабон и со човек помалку победи на теренот на Авеш со 1-3. Бруно Фернандеш профитираше од додавањето на десниот бек на македонската репрезентација и ја заокружи победата. Претходно голови за „зелено-белите“ постигнаа Луис Фелипе и Жереми Матје. Ренан Рибеиро заработи црвен картон уште во четвртата минута од натпреварот. 

  • Асистенцијата на Ристовски: 

Порто изби на врвот на табелата со победата на теренот на Портимонензе со 0-3 со головите на Брахими, Марега и Херера.

  • Авеш - Спортинг 1-3:  

  • Портимонензе - Порто 0-3: 

Шампионот Бенфика утревечер ја пречекува екипата на Виторија Сетубал.