Ристе Наумов засилување за нападот на Брегалница

Напаѓачот Ристе Наумов, по 18 месеци повторно се враќа во екипата Брегалница, за која ќе настапува во пролетниот дел од македонскиот шампионат. Претходно беше дел од тимот на Ајевајади Јунајтед во шамионатот на Мјанмар, каде на 14 натпревари постигна 14 гола.

Ристе Наумов, кој е дете на Брегалница настапуваше во сезоната 2012/13 година, кога на 17 натпревари постигна 8 гола и во 2013/14 година, кога настапи на 27 меча за екипата од Штип, притоа запишувајќи 9 гола.

За Брегалница Ристе Наумов е шесто засилување во зимскиот преоден рок. Во кариерата 34-годишниот Наумов има настапувано за Вардар, Омонија, Славија Прага, Спартак Трнава и во неколку екипи од азискиот континент.