Ристе Јанков побара раскин на договорот со романска Политехника

Македонскиот голман Ристе Јанков ќе има нов клуб затоа што побара раскин со романска Политехника Јаши и го доби.

25-годишниот чувар на мрежата беше трета опција во екипата и не добиваше голема шанса, па затоа пристигна барање за раскин на соработката која траеше до крајот на актуелната сезона.

Јанков е првиот играч кој си заминува од Политехника по крајот на полусезоната. 

Голманот покрај за романскиот клуб во кариерата бранеше и за казахстански Каспиј, како и Работнички, чиј член беше цели 16 години.