ВИДЕО: Римското дерби разочара, Рома и Лацио си поделија по бод!

Големото дерби на Рим ги разочара фановите на Рома и Лацио, откако двете екипи покажаа многу малку фудбал и одиграа непопуларно реми од 0-0 во рамките на 32. коло на Серија А. Со оваа поделба на бодовите табелата не претрпе никакви промени. Двете екипи имаат по 61 бод, но трет е Лацио, додека по овој меч можеби најмногу профитираше Интер, кој остана на само бод негатива од четвртата Рома. 

Римското дерби, кое се играше пред речиси исполнетиот „Олимпико“, речиси и да немаше фудбалски моменти. Лацио беше поконкретен противник, имаше неколку шанси за гол, додека Рома како сè уште да ја славеше историската победа над Барса во Лигата на шампионите и ниту еднаш не упати директен  удар кон голот на „лацијалите“. 

Во следното коло потешка задача за враќање на победничките патеки ќе има Лацио, бидејќи ќе се соочи со Фиорентина, додека Рома на свој терен ќе ја пречека Џенова на Горан Пандев.