ВИДЕО: Римската „тики-така“ ги збудале кипарските дефанзивци

Водството на Лацио против кипарскиот Аполон во рамките на првото коло на групата Х во Лигата на Европа е еден од кандидатите за гол на колото во натпреварувањето. Прекрасната тимска акција на момците на Симоне Инзаги ја започна и ја заврши Луис Алберто.

Шпанецот проигра со Еквадорецот Каиседо, кој со пета магично го извади сам пред кипарскиот голман, па на некогашниот фудбалер на Депортиво Ла Коруња не му беше тешко да ја погоди гостинската мрежа (1-0). 

Минатата сезона Лацио се „сопна“ во четвртфиналето, откако беше елиминиран од Салцбург по лошо одиграниот реванш во Австрија.