Римјаните во невозможна мисија против бранителот на трофејот од Минхен

Лацио Баерн

Иако фудбалските романтичари ќе навиваат за фудбалско изненадување и можност Лацио овој пар од осминафиналето да го направи крајно возбудлив, се чини дека дојде фазата од натпреварувањето во која Баерн не би дозволил никакви непредвидливи околности.

Погледнете ги сите коефициенти од мечот Атлетико Мадрид - Челзи >>>

Актуелниот шампион на Европа е во блага криза, освои само бод во последните две кола и си ја искомплицира работата во Бундеслигата, но веруваме дека баш тие околности ќе влијаат екипата на Ханси Флик повторно да стане „сериозна“ и да тргне во потера по најважниот трофеј оваа сезона. Баварците имаат сериозни проблеми, од поважните играчи поради повреда не може да сметаат на Толисо, Гнабри и Даглас Коста, што значително го скрати изборот на играчи за Флик, но и покрај тоа ќе бидат во ситуација на „Олимпико“ да настапат со моќен тим.

Погледнете ги сите коефициенти од Лигата на шампионите >>>

И Симоне Инзаги има свои проблеми, повредени се Луис Фелипе, Раду и Стракоша, но овој тим на Лацио има исклучителен карактер, не се плаши од ниту еден противник и е во состојба овој натпревар да го направи возбудлив. На римјаните најмногу им одговара противникот да ги нападне затоа што имаат исклучително брзи контранапади, па гостите ќе мораат да бидат премногу внимателни и од очекуваниот посед на топка не би смееле да дојдат во ситуација да погрешат на својата половина, нешто што домаќинот и тоа како би го казнил.

Уверени сме дека Баерн може да ја искористи секоја шанса која ќе му се даде во вечниот град. Двојката на овој натпревар делува прилично реално, а може да се обидете и со голови на двете страни.