ВИДЕО: Рико само гледач, Погба од „мртов“ агол го стресе Фулам!

Фудбалерите на Фулам започнаа одлично на денешната средба против Манчестер Јунајтед, но „ѓаволите“ се тие кои први се радуваа на постигнат гол. 

По шансите на Сери и Шурле, Јунајтед фудбалски казни и преку својата прва ѕвезда Пол Погба стигна до водство од 0-1. Марсијал испрати топка во празно до својот сонародник, кој без многу размислување го измами Рико и со проектил речиси од мртов агол го отвори резултатот. 

Погледнете го десеттиот погодок на Пол Погба во Премиер лигата оваа сезона: 

Не минаа ниту десет минути, а Јунајтед поведе со 2-0, откако Марсијал како брз воз ги мина домашните дефанзивци и ја закова топката во мрежата на Рико.