• Зоран Мишевски

Екипата на Брага приреди прворазредна сензација и го освои португалскиот Лига Куп. Во драматично финале, играно во Лисабон, Брага го совлада Порто со 1-0 (0-0). Како и минатата година, кога загубија од Спортинг на Стефан Ристовски по изведувањето на пенали „змејовите“ на Консеисао, и вечерва потклекнаа во последната минута.
Имено, по 90 минути во кои се играше тензично, со многу шанси, главно за шампионот, одлуката падна во шестата минута од судиското надополнување. Јунакот од полуфиналето против Спортинг, Рикардо Хорта го матира Переира и донесе историски трофеј за екипата на Брага.
- Извештај од натпреварот:
На Порто сега му преостанува шампионатот, Купот на Португалија и Лига Европа. Сепак, и покрај долгата сезона и останатите опции, се пореално е дека Консеисао на крајот од сезоната ќе си замине од „Драгао“.