Ријека казнета за навредите упатени кон Стефан Ристовски

Дисциплинскиот судија на Суперспорт хрватската фудбалска лига, Алан Клакочер, донесе одлуки за казни за клубовите поради однесувањето на нивните навивачи на натпреварите од 33. коло кои се одиграа минатиот викенд. 

Од сите клубови најлошо помина Ријека, поради навредливите зборови упатени кон Стефан Ристовски на натпреварот со Динамо Загреб.

Ријека е казнета со 5.500 евра за факлите и димните бомби, а дополнителни 4.500 евра затоа што во 45. минута од натпреварот домашните навивачи на источната трибина му извикуваа „Циган, циган“ на играчот на Динамо, Стефан Ристовски.

На крајот клубот за двата прекршоци е казнет со вкупно 9.500 евра.