Ријека ја зголеми конкуренцијата за Велковски, потпиша со Галовиќ

Екипата на Ријека по чистката во последната линија пред голот и замнувањето на Симиќ, Пунчец и Зупариќ, конечно донесе стопер. Се работи за Нино Галовиќ, кој е изданок на Хајдук, а играше и за Сплит и Славен Белупо. Тој доаѓа од јапонски Саган Тосу, каде што соиграч му беше Фернандо Торес. 

27-годишниот фудбалер беше пикот на тренерот Рожман. Се работи за искусен играч со одличен карактер кој знае да игра со топка, што беше прв предуслов на тимот од „Рујевица“. 

Иако можеби се очекуваше нашиот Дарко Велковски да добие поголема минутажа и да биде стандарден, сепак ќе мора да се избори во конкуренција на Галовиќ, Жоао Есковала и младиот Јасмин Челиковиќ.