Ријека ја победи Спарта Прага во „мечот кој траеше два дена“ во КЛ

Фудбалерите на Ријека запишаа победа во натпреварот против Спарта Прага (1-0) во второто коло на Конференциската лига на УЕФА. 

Средбата во Хрватска траеше буквално два дена, бидејќи вчера по првото полувреме поради обилниот дожд беше прекината. Немаше основни услови за игра, а тоа ги натера официјалните лица да го одложат дуелот. Истиот се одигра денес во дневен термин и на крајот заврши со победа на домашните. 

Ријека имаше поништен гол во првото полувреме вчера преку Фрук, а мрежите мируваа по тешките 45 минути. Денес по продолжувањето на средбата се играше израмнето, гостите повеќе ја имаа топката, ама домашните го постигнаа единствениот гол. Победа за Хрватите донесе резервистот Аду Аџеи со гол во 75. минута. 

Двете екипи по две рунди во третото по ранг европско натпреварување се со половичен ефект.